Јован 2:13-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. И беше близу јудејската Пасха и Исус се искачи во Ерусалим.

14. И ги најде во Храмот продавачите на волови, овци и гулаби и менувачите на сребреници - како седат таму.

15. Направи бич од јажиња и ги истера сите од Храмот, заедно со овците и воловите. На среброменувачите им ги истури сребрениците и им ги преврте масите.

16. А на оние, кои продаваа гулаби им рече: „Однесете го тоа оттука! Не правете трговска куќа од Домот на Мојот Татко!”

17. Неговите ученици се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот Дом Ме изеде.”

18. Тогаш Јудејците Го прашаа: „Со каков знак ни го докажуваш тоа што го правиш?”

19. А Исус им одговори и рече: „Разурнете го овој Храм, и ќе го подигнам за три дни!”

Јован 2