1. А на третиот ден имаше свадба во Кана Галилејска, и Исусовата мајка беше таму.
2. Ги повикаа на свадбата и Исуса и Неговите ученици.
3. Кога сврши виното, Му рече на Исуса Неговата мајка: „Немаат вино.”
4. Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено? Уште не дошол Мојот час.”
5. Неговата мајка им рече на слугите: „Што и да ви рече, направете.”
6. Таму имаше шест камени садови, според прописот за јудејското миење, што собираа по две до три мери.
7. Исус им рече: „Наполнете ги садовите со вода!” И ги наполнија догоре.
8. Тогаш им рече: „Сега нацрпете и однесете му на старосватот!” И му однесоа.
9. А кога старосватот вкуси од водата претворена во вино - а не знаеше од каде е, но знаеја слугите, кои црпеа од водата - го повика младоженецот
10. и му рече: „Секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а кога ќе се поднапијат - слабото. Ти си го чувал доброто вино досега.”