Јован 19:14-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. А беше ден на подготовката за Пасха, околу шестиот час, и им рече на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!”

15. Но тие викаа: „Земи, земи! Распни Го!” Пилат им рече: „Да Го распнам ли вашиот Цар?” Првосвештениците одговорија: „Ние немаме цар, освен ќесарот!”

16. Тогаш им го предаде за да биде распнат. Тогаш Го зедоа Исуса.

17. А Тој, носејќи го Својот крст, излезе на местото наречено Лобно, а на еврејски Голгота;

Јован 19