22. Кога го рече тоа, еден од присутните службеници Го удри Исуса по образ и рече: „Така ли му одговараш на првосвештеникот?”
23. Исус му одговори: „Ако реков лошо, докажи дека е лошо; а ако реков добро, зошто Ме удираш?”
24. Тогаш Ана Го прати врзан при првосвештеникот Кајафа.
25. А Симон Петар стоеше таму и се грееше. И му рекоа: „Да не си и ти од Неговите ученици?” Тој одрече: „Не сум.”
26. Еден од слугите на првосвештеникот, роднина на оној, кому Петар му го отсече увото, рече: „Нели јас те видов во градината со Него?”
27. Но Петар одрече повторно, и веднаш запеа петел.
28. Тогаш го одведоа Исуса од Кајафа во преторијата; а беше утро; и тие не влегоа во преторијата, за да не се осквернат, туку да можат да ја јадат Пасхата.
29. Затоа Пилат излезе пред нив и рече: „Какво обвинение поднесувате против Човеков?”
30. Во одговор му рекоа: „Ако Овој не беше злодеец, немаше да ти Го предадеме.”
31. А Пилат им рече: „Земете Го и судете Му според вашиот Закон.” Јудејците му рекоа: „Нам не ни е дозволено да убиеме некого,”
32. - за да се исполни Исусовиот збор, со кого навести со каква смрт ќе умре.