7. Сега сознаа дека е од Тебе сè, што си Ми дал;
8. зашто зборовите, што Ми ги даде, им ги предадов ним, а тие ги примија и навистина сознаа дека излегов од Тебе, и поверуваа дека Ти Ме испрати.
9. Јас се молам за нив; не се молам за светот, туку за оние, кои Ми ги даде, зашто се Твои,
10. и сè Мое - е Твое, и Твоето - Мое; и се прославив во нив.
11. И не Сум повеќе во светот, а тие се во светот, Јас идам при Тебе. Свети Татко, запази ги во Твое име оние, кои Ми ги даде, за да бидат едно, како што Сме и Ние.
12. Додека бев со нив, Јас ги чував во Твое име оние, кои Ми ги даде, и ги запазив, па ниеден од нив не погина, освен синот на гибелта за да се исполни Писмото.
13. А сега идам при Тебе, и го зборувам ова во светот, за да ја имаат Мојата радост полна во себе.
14. Јас им го предадов Твоето Слово и светот ги замрази, зашто не се од светот, како што и Јас не Сум од светот.
15. Не Те молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од лукавиот.
16. Тие не се од светот, како што ни Јас не Сум од светот.