5. а сега, Татко, прослави Ме Ти - во Себе Самиот - со славата што ја имав при Тебе, пред создавањето на светот.”
6. ”Им го јавив Твоето Име на луѓето, кои Ми ги даде од светот. Твои беа, и Ми ги даде Мене, и го запазија Твоето Слово.
7. Сега сознаа дека е од Тебе сè, што си Ми дал;
8. зашто зборовите, што Ми ги даде, им ги предадов ним, а тие ги примија и навистина сознаа дека излегов од Тебе, и поверуваа дека Ти Ме испрати.
9. Јас се молам за нив; не се молам за светот, туку за оние, кои Ми ги даде, зашто се Твои,
10. и сè Мое - е Твое, и Твоето - Мое; и се прославив во нив.
11. И не Сум повеќе во светот, а тие се во светот, Јас идам при Тебе. Свети Татко, запази ги во Твое име оние, кои Ми ги даде, за да бидат едно, како што Сме и Ние.
12. Додека бев со нив, Јас ги чував во Твое име оние, кои Ми ги даде, и ги запазив, па ниеден од нив не погина, освен синот на гибелта за да се исполни Писмото.
13. А сега идам при Тебе, и го зборувам ова во светот, за да ја имаат Мојата радост полна во себе.
14. Јас им го предадов Твоето Слово и светот ги замрази, зашто не се од светот, како што и Јас не Сум од светот.