Јован 17:21-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. за да бидат сите едно; како што си Ти, Татко, во Мене, и Јас во Тебе, така и тие да бидат едно во Нас, за да верува светот дека Ти Ме испрати.

22. И славата што Ми ја даде, им ја дадов ним, за да бидат едно, како што Сме Ние едно;

23. Јас во нив, а Ти во Мене, за да бидат совршени во едно, за да знае светот дека Ти си Ме испратил, и дека ги љубеше нив, како што Ме љубеше Мене.

Јован 17