17. Освети ги во Својата вистина, Твоето Слово е вистината.
18. Како што Ти Ме испрати Мене во светот, така и Јас ги испратив во светот;
19. За нив се осветувам Себеси, за да бидат и тие осветени во вистината.
20. Но не се молам само за нив, туку и за оние, кои преку нивните зборови - ќе веруваат во Мене,
21. за да бидат сите едно; како што си Ти, Татко, во Мене, и Јас во Тебе, така и тие да бидат едно во Нас, за да верува светот дека Ти Ме испрати.
22. И славата што Ми ја даде, им ја дадов ним, за да бидат едно, како што Сме Ние едно;
23. Јас во нив, а Ти во Мене, за да бидат совршени во едно, за да знае светот дека Ти си Ме испратил, и дека ги љубеше нив, како што Ме љубеше Мене.