Јован 15:9-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Како што Таткото Ме возљуби Мене, така и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов!

10. Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди, како што и Јас ги запазив заповедите на Мојот Татко и останувам во Неговата љубов.

11. Ова ви го реков за да биде Мојата радост во вас, и вашата радост да биде полна.

12. Ова е Мојата заповед: да се љубите еден со друг, како што Јас ве љубев вас.

13. Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели.

14. Вие сте Ми пријатели - ако го вршите она, што Јас го заповедам.

15. Не ве наречувам веќе слуги; зашто слугата не знае што прави неговиот господар; а вас ве нареков пријатели, зашто ви соопштив сè што чув од Мојот Татко.

Јован 15