Јован 15:5-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Јас Сум лозата, а вие сте прачките. Кој останува во Мене, и Јас во него, тој дава многу плод; зашто без Мене не можете да направите ништо.

6. Ако некој не остане во Мене, тој ќе биде исфрлен надвор како прачката, која е исушена, - ги собираат, ги фрлаат во оган и ги горат.

7. Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде.

8. Мојот Татко се прославува со тоа, што ќе давате многу плод и ќе бидете Мои ученици.

9. Како што Таткото Ме возљуби Мене, така и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов!

10. Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди, како што и Јас ги запазив заповедите на Мојот Татко и останувам во Неговата љубов.

11. Ова ви го реков за да биде Мојата радост во вас, и вашата радост да биде полна.

12. Ова е Мојата заповед: да се љубите еден со друг, како што Јас ве љубев вас.

13. Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели.

14. Вие сте Ми пријатели - ако го вршите она, што Јас го заповедам.

15. Не ве наречувам веќе слуги; зашто слугата не знае што прави неговиот господар; а вас ве нареков пријатели, зашто ви соопштив сè што чув од Мојот Татко.

16. Вие не Ме избравте Мене, но Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да принесувате плод, и вашиот плод да остане; и Мојот Татко да ви даде сè што ќе посакате во Мое име.

17. Ова ви заповедам: да се љубите еден со друг!”

Јован 15