Јован 15:23-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Кој Ме мрази Мене, Го мрази и Мојот Татко.

24. Да не направев, меѓу нив дела какви никој друг не направил, немаше да имаат грев; но сега видоа и пак нè замразија Мене и Мојот Татко.

25. Туку, треба да се исполни словото, запишано во нивниот Закон: ‘Ме замразија без причина!’

26. ”А кога ќе дојде Утешителот, Кого Јас ќе ви Го испратам од Таткото, Духот на Вистината, Кој излегува од Таткото, Тој ќе сведочи за Мене;

27. а и вие ќе сведочите, зашто сте со Мене од почетокот.”

Јован 15