Јован 14:15-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. ”Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди.

16. И Јас ќе Го молам Мојот Татко, и Тој ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека:

17. Духот на Вистината, Кого светот не може да Го прими, зашто не Го гледа, ниту Го познава. Вие Го познавате, зашто Тој престојува при вас и ќе биде во вас.

18. Нема да ве оставам сираци, ќе дојдам при вас.

19. Уште малку, и светот веќе нема да Ме гледа, а вие ќе Ме видите; зашто Јас живеам и вие ќе живеете.

20. Во оној ден ќе сознаете дека Јас Сум во Мојот Татко, и вие во Мене и Јас во вас.

21. Кој ги има Моите заповеди и ги пази, тој Ме љуби; а кој Ме љуби Мене, него ќе го љуби Мојот Татко, и Јас ќе го љубам, и ќе му се јавам Сам.”

22. Му рече Јуда, не Искариот: „Господи, што е тоа: дека ќе ни се јавиш нам, а не на светот?”

23. Исус во одговор му рече: „Ако некој Ме љуби, ќе го држи Моето Слово, и Мојот Татко ќе го љуби: при него ќе дојдеме и при него ќе се настаниме.

Јован 14