21. Штом го рече тоа, Исус се возбуди во духот, па посведочи и рече: „Вистина, вистина ви велам: дека еден од вас ќе Ме предаде.”
22. Тогаш учениците се погледнаа еден со друг со двоумење за кого зборува.
23. А еден од Неговите ученици, кого Исус го љубеше, беше прилегнал на Исусовите гради;
24. тогаш Симон Петар му даде знак и му рече: „Кажи, за кого зборува!”
25. Така, тој се потпре на Исусовите гради и му рече: „Господи, кој е?”
26. Исус одговори: „Тоа е оној, кому ќе му натопам залак, и ќе му го подадам.” И го натопи залакот, го зеде и му го даде на Јуда Симонов Искариот.
27. И откако го зеде залакот, сатаната влезе во него. Исус пак му рече: „Што правиш, прави побргу!”