Јован 13:12-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. А кога им ги изми нозете, ја зеде својата горна облека и пак седна на трпезата и им рече: „Разбравте ли, што ви сторив?

13. Вие Ме викате Мене Учител и Господ, и право велите, зашто тоа Сум.

14. И така, ако Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, и вие сте должни да ги миете нозете еден на друг;

15. зашто ви дадов пример и вие да правите онака, како што ви направив Јас.

Јован 13