Јован 12:21-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Тие му пристапија на Филипа, кој беше од Галилејска Витсаида, и го помолија, велејќи: „Господине, сакаме да Го видиме Исуса.

22. Филип отиде и му кажа на Андреја; потоа Андреј и Филип отидоа и Му кажаа на Исуса.

23. А Исус им одговори: „Дојде часот да се прослави Човечкиот Син.

24. Вистина, вистина ви велам, ако пченичното зрно не падне во земјата и не умре, останува само; а ако умре, донесува многу плод.

25. Кој го љуби својот живот, ќе го изгуби, а кој го мрази својот живот на овој свет - ќе го запази за вечен живот.

Јован 12