Јован 11:9-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Исус одговори: „Зар денот нема дванаесет часови? Ако некој оди дење, не се сопнува, зашто ја гледа светлината на овој свет;

10. а ако некој оди ноќе, се сопнува, зашто нема светлина во него.

11. Тоа им рече, а потоа продолжи: „Нашиот пријател Лазар заспа; туку, одам да го разбудам.”

12. Тогаш учениците Му рекоа: „Господи, ако заспал, ќе оздрави.”

Јован 11