Јован 11:32-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. А кога Марија дојде таму, каде што беше Исус и кога Го виде падна пред Неговите нозе и Му рече: „Господи, да беше тука, немаше да умре брат ми.”

33. Кога Исус ја виде како плаче, и како плачат Јудејците, кои дојдоа со неа, се растажи во духот, и се потресе

34. и рече: „Каде го положивте?” Му рекоа: „Господи, дојди и види!”

35. Исус просолзи.

36. Тогаш Јудејците рекоа: „Гледај, колку го љубел!”

Јован 11