Јован 11:15-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. и се радувам заради вас, дека не бев таму, - за да поверувате; туку, да отидеме при него.”

16. Тогаш Тома, наречен Близнак, им рече на соучениците: „Да отидеме и ние да умреме со Него!”

17. Исус пак дојде и најде дека е четири дена во гробот.

18. А Витанија беше близу до Ерусалим, околу петнаесет стадии;

19. и мнозина Јудејци беа дошле при Марта и Марија да ги утешат за братот.

20. Штом чу Марта дека доаѓа Исус, Му излезе во пресрет; а Марија седеше дома.

Јован 11