Јован 10:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Вистина, вистина ви велам, кој не влегува низ вратата во овчарникот, а прескокнува од друга страна, тој е крадец и разбојник.

2. А кој влегува низ вратата пастир е на овците.

3. Нему вратарот му отвора, а овците го слушаат неговиот глас, и ги вика своите овци по име и ги изведува.

4. Кога ќе ги истера своите овци, оди пред нив и овците одат по него, зашто го познаваат неговиот глас.

Јован 10