24. Испратените беа фарисеи.
25. Тие го прашаа и му рекоа: „Тогаш зошто крштаваш, кога не си Христос, ниту Илија, ни пророк?”
26. ”Јас крштавам со вода им одговори Јован - но меѓу вас стои Еден, Кого вие не Го познавате.
27. Тој е Оној Кој доаѓа по мене, Кој беше пред мене, Кому јас не сум достоен да му го одврзам ременот на Неговите обувки.”
28. Тоа се случи во Витавара, од онаа страна на Јордан, каде што крштаваше Јован.
29. Утреден Јован Го виде Исуса како доаѓа при него и рече: „Еве Го Божјото Јагне, Кое ги зема гревовите на светот!
30. Овој е Оној за Кого ви реков: „По мене доаѓа Човек, Кој постоеше пред мене, зашто беше пред мене.”
31. Јас не Го познавав. Но затоа дојдов да крштавам во вода, за да му Го објавам на Израел.”
32. Јован сведочеше уште: „Го видов Духот да слегува од небото како гулаб, и застана над Него.
33. Јас не Го познавав, но Оној Кој ме испрати да крштавам во вода ми рече: „Врз Кого ќе видиш да слегува Духот и да останува над Него, Тој е Оној, Кој ќе крштава во Светиот Дух.”
34. И јас видов и сведочам дека Тој е Божји Син.”
35. Идниот ден, Јован стоеше пак и двајца од неговите ученици,
36. и штом Го виде Исуса да поминува, рече: „Еве Го Божјото Јагне!”
37. Кога ги чуја од него тие зборови, обата ученика тргнаа по Исуса.
38. Исус се заврти и, кога виде дека идат по Него, ги праша: „Што барате?” Тие Му одговорија: „Рави (што значи учител) каде живееш?”
39. ”Дојдете и видете!” им одговори. И така, отидоа да видат каде живее, и останаа при Него оној ден. Тоа беше околу десеттиот час.