6. Тој ја раздвижува земјата од нејзиното место, од основа ги растресува нејзините столбови.
7. Штом ќе му заповеда на сонцето, тоа не се раѓа, Тој ги запечатува и ѕвездите со Својот печат.
8. Единствено Тој ги распнува небесата и само Тој оди по морската широчина.
9. Ги создаде Мечката, Орионот и Плеадите, и соѕвездијата на јужното небо.
10. Тој е Творец на силни, несфатливи дела; на чудеса што не можат да се избројат.
11. Поминува покрај мене, а јас не Го гледам, еве Тој заминува - јас не Го забележувам.
12. Ако грабне нешто, кој ќе Му го спречи тоа, и кој смее да Го праша: „Што си сторил?”
13. Силниот Бог не го повлекува Својот гнев: паѓаат пред Него помошниците на Рахаб (Хаосот).
14. Па како тогаш да Му одговорам Нему, кој збор да го изберам против Него?
15. И да сум прав, не би Му одговорил, ќе молам милост од својот Судија.
16. А ако и одговори на мојот зов, нема да поверувам дека го послушал мојот глас.
17. Зашто, Тој ме сотрува за едно влакно, ги умножува моите рани без причина.