Јов 9:28-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. ужас ме опфаќа од моите маки, зашто знам дека Ти не ме сметаш невин.

29. Ако сум грешен, тогаш зошто напразно да се измачувам себеси?

30. Кога би се измил и со снежна вода, кога би ги очистил своите раце и со пепелница,

31. пак ќе ме турнеш во поголема нечистота и моите облеки ќе се гнасат од мене!

32. Зашто Тој не е човек, каков што сум јас, за да се правдам и да одам на суд со Него.

Јов 9