21. А дали сум невин? Ни самиот не знам веќе, мене ми стана сосем омразен мојот живот!
22. Зашто, тоа е сèедно; и затоа јас велам: Тој ги докрајчува невиниот и грешниот.
23. И смртниот бич кога би убивал одеднаш, Тој се смее на неволјите на невините.
24. Во земјата предадена во рацете на злочинците, Тој ги покрива очите на нејзините судии. Ако не е Тој, тогаш кој е друг?
25. Од брзоодецот моите дни се побрзи, бегаат далеку, не гледајќи никаде добро.
26. Како рогозови лотки преминуваат брзо, како орел кога се спушта врз пленот.
27. Ако речам: ќе го заборавам оплакувањето ќе го разведрам лицето и ќе бидам весел,