Јов 9:18-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Не ме остава да здивнам ни еден миг, туку ме напојува со секаква горчина!

19. Ако е за сила - па Тој е најјак! Ако е за правда - кој ќе го извади Него на суд?

20. Да сум и праведен, устата ќе ме осуди, Да сум и невин, ќе ме прогласи за виновен.

21. А дали сум невин? Ни самиот не знам веќе, мене ми стана сосем омразен мојот живот!

22. Зашто, тоа е сèедно; и затоа јас велам: Тој ги докрајчува невиниот и грешниот.

23. И смртниот бич кога би убивал одеднаш, Тој се смее на неволјите на невините.

24. Во земјата предадена во рацете на злочинците, Тој ги покрива очите на нејзините судии. Ако не е Тој, тогаш кој е друг?

25. Од брзоодецот моите дни се побрзи, бегаат далеку, не гледајќи никаде добро.

26. Како рогозови лотки преминуваат брзо, како орел кога се спушта врз пленот.

Јов 9