Јов 9:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Јов проговори и рече:

2. „Навистина, јас знам дека е така: но како човекот ќе се оправда пред Бога?

3. Ако некој сака да се препира со Бога, не ќе му одговори ни на едно од илјада.

4. Тој е мудар со срцето, а со силата Сèдржател, и кој би му се спротивил неказнето?

5. Тој ги преместува планините, а тие не го знаат тоа, Тој ги превртува во својот гнев.

6. Тој ја раздвижува земјата од нејзиното место, од основа ги растресува нејзините столбови.

Јов 9