3. така ми паднаа мене месеци на јад, и мачни ноќи ми се досудени.
4. Мислам лежејќи, постојано: „Кога ќе станам?” А станувајќи: „Кога ќе ја дочекам вечерта?” И така се измачувам сè додека не се смрачи.
5. Моето тело е облечено во црви и кал, мојата кожа пука и тлее.
6. Моите денови поминаа побрзо од совалката за ткаење, исчезнаа брзо без никаква надеж.
7. Спомни си: мојот живот е само лесно ветре, и моите очи не ќе ја видат веќе среќата!
8. Пријателското око нема да ме гледа веќе; својот поглед го насочи во мене па се сушам.
9. Како што облакот исчезнува и се расплинува, така кој ќе слезе во гробот, веќе не излегува.
10. Никогаш веќе не се враќа во својот дом, неговото место веќе не го познава.