Јов 7:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Не е ли војување човековиот живот на земјата? Не ги поминува ли дните како наемник?

2. Како што трудовиот роб копнее по сенка, како надничарот што ја чека платата,

3. така ми паднаа мене месеци на јад, и мачни ноќи ми се досудени.

4. Мислам лежејќи, постојано: „Кога ќе станам?” А станувајќи: „Кога ќе ја дочекам вечерта?” И така се измачувам сè додека не се смрачи.

Јов 7