Јов 6:4-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Стрелите на Сèсилниот се во моите внатрешности, нивниот бес ми го испива духот, Божјите стравотии удрија против мене.

5. Па, рика ли дивото осле покрај свежа трева? Или мука ли волот покрај својата храна?

6. Зар се јаде блутава храна без сол? Или има ли сласт во белката на јајцето?

7. Ама она од што душата ми се одвраќаше, тоа ми стана одвратно јадење.

8. Се надевам дека мојата молба ќе биде послушана, Бог да ми го исполни она за кое што копнеам!

9. О, кога Бог би сакал да ме уништи, кога би мавнал со раката да ме сотре!

Јов 6