Јов 6:15-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Браќата ме изневерија како поток, како зимските буици - своето корито,

16. од мразот им се накреваат матните води, бујно растат од снегот што почна да се топи;

17. но во сушно време скоро пресушуваат, тогаш од жега испаруваат, од коритото.

18. Се отстрануваат тие од своите патишта, пристигаат во пустината и се изгубуваат во неа.

19. Темските карвани ги бараат со очи, патниците од Шеба се надеваа на нив.

20. А кога ќе дојдат до нив, се наоѓаат во чудо, зашто се засрамија во својата надеж.

Јов 6