Јов 6:11-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Зар имам сила уште да чекам? И каков ми е крајот за да живеам подолго?

12. Зар е мојата сила како силата на каменот? Зар е моето тело од бакар?

13. На што можам да се потпрам во себе? Зар не ми е скратена секоја помош?

14. Кој му одбива милост на својот ближен, го презрел стравот од Сèсилниот Бог.

15. Браќата ме изневерија како поток, како зимските буици - своето корито,

16. од мразот им се накреваат матните води, бујно растат од снегот што почна да се топи;

17. но во сушно време скоро пресушуваат, тогаш од жега испаруваат, од коритото.

18. Се отстрануваат тие од своите патишта, пристигаат во пустината и се изгубуваат во неа.

19. Темските карвани ги бараат со очи, патниците од Шеба се надеваа на нив.

20. А кога ќе дојдат до нив, се наоѓаат во чудо, зашто се засрамија во својата надеж.

21. Во овој час и вие сте ми такви: Видовте ужас и се исплашивте.

22. Дали ви реков: „Подарете ми нешто, дарувајте ми нешто од својот имот;

Јов 6