3. Кој е тој што со безумни зборови ја помрачува божествената промисла? Затоа зборував, но не разбирав, за чудесата што мене ми се несфатливи.
4. О послушај ме, остави ме да зборувам: Јас ќе Те прашувам, а Ти поучи ме.
5. Досега Те познавав само по слушање, но сега моите очи Те видоа.
6. Затоа, се гнасам од сите свои зборови и се каам во прав и пепел.”
7. Кога Господ му ги изговори на Јова овие зборови, Тој му рече на Теманецот Елифаз: „Ти и твоите два пријатели го распаливте Мојот гнев, зашто не зборувавте за Мене така право, како Мојот слуга Јов,