Јов 42:11-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Тогаш му се вратија на Јова сите негови браќа и сите негови сестри, и сите поранешни познати, па јадеа леб со него, во неговата куќа, жалејќи го и утешувајќи го заради сите неволји што Господ ги испрати на него. Секој му подари по еден сребреник и по еден златен прстен.

12. Господ ја благослови новата Јовова состојба уште повеќе отколку поранешната. Стадата му броеја четиринаесет илјади овци, шест илјади камили, илјада двојки волови и илјада ослици.

13. Имаше седум синови и три ќерки.

14. На првата и го даде името Емима, на втората Касија, а на третата Керен-Апух.

15. Во целиот тој крај немаше жени толку убави како Јововите ќерки. И таткото им даде еднакво наследство како и на нивните браќа.

16. После тоа Јов доживеа сто и четириесет години и ги виде своите деца и децата на своите деца до четвртото поколение.

17. Потоа Јов умре, стар, и сит од животот.

Јов 42