1. А Јов му одговори вака на Господа:
2. „Јас знам, Твојата моќ е безгранична: Што и ќе наумиш, можеш да го направиш тоа.
3. Кој е тој што со безумни зборови ја помрачува божествената промисла? Затоа зборував, но не разбирав, за чудесата што мене ми се несфатливи.
4. О послушај ме, остави ме да зборувам: Јас ќе Те прашувам, а Ти поучи ме.
5. Досега Те познавав само по слушање, но сега моите очи Те видоа.