Јов 41:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Зар ловиш левијатан (крокодил, морско чудовиште) со јадица? Зар ќе му го зауздаш јазикот со јаже?

2. Можеш ли да му ги прободеш носалките со трска, или да му ја пробиеш вилицата со кука?

3. Дали ќе те заколнува за милост? Дали ќе разговара благо со тебе?

4. И зар ќе склучи тој сојуз со тебе, за да ти биде слуга цел живот?

Јов 41