Јов 40:12-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Погледај го горделивецот, скрши го, сотри го наместо, секој злосторник.

13. Закопај ги сите нив, заедно, во земјата, затвори ги во мрачна темница.

14. Тогаш и Јас ќе ти дадам пофалба дека се ослободи со својата десница.

15. А сега, ете, разгледај го нилскиот коњ, се храни со трева како добиток,

16. ете, неговата сила е во бедрата, а јакоста му е во мишката на мевот.

17. Ја здрвува кренатата опашка како кедар, жилите му ги испреплетија сите бедра.

18. Неговите коски се железни цевки, неговите зглобови се глуждови од железо.

Јов 40