1. Тогаш Теманецот Елифаз проговори и рече:
2. „Можеш ли да поднесеш да ти проговорам? Но кој може да се воздржи од зборовите!
3. Ете, ти поучи многу луѓе, ги закрепна изнемоштените мишки.
4. Со своите зборови ги подигаше истоштените, ги закрепнуваше растреперените колена.
5. А кога тебе те снајде, се истошти во духот, кога падна на тебе, целиот се збуни!