Јов 4:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Теманецот Елифаз проговори и рече:

2. „Можеш ли да поднесеш да ти проговорам? Но кој може да се воздржи од зборовите!

3. Ете, ти поучи многу луѓе, ги закрепна изнемоштените мишки.

4. Со своите зборови ги подигаше истоштените, ги закрепнуваше растреперените колена.

5. А кога тебе те снајде, се истошти во духот, кога падна на тебе, целиот се збуни!

6. Зар твојата доверба не е стравот Божји, и чесноста на твоите патишта твоја надеж?

7. Па спомни си: дали пропаднал некогаш невин? Кога беа истребени праведниците?

8. Како што сум видел: кој оре несреќа и сее неволја - неа и ќе ја ожнее.

9. Тие загинуваат од Божјиот здив, од Неговото гневно дувнување исчезнуваат од земјата.

10. Рикањето на лавот, леопардовото виење, се кршат како заби на лавчињата.

11. Лавот загинува од немање лов, се распрснуваат младенчињата на лавицата.

Јов 4