Јов 39:6-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Пустината му ја дадов за родно место и солените полиња за да живее таму.

7. Тој му се потсмевнува на шумот на градовите и не ги слуша повиците на терачите.

8. Скита по ридовите, по своите пасишта, во потрага за секакво зеленило.

9. Можеш ли биволот да го направиш слуга, да го задржиш една ноќ во јаслите?

Јов 39