Јов 39:4-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. а кога породот ќе им зајакне, растат во полето, го оставаат и не му се враќаат.

5. Кој му ја даде слободата на дивото осле и кој го симна оглавникот од неговата глава?

6. Пустината му ја дадов за родно место и солените полиња за да живее таму.

7. Тој му се потсмевнува на шумот на градовите и не ги слуша повиците на терачите.

8. Скита по ридовите, по своите пасишта, во потрага за секакво зеленило.

9. Можеш ли биволот да го направиш слуга, да го задржиш една ноќ во јаслите?

10. Можеш ли да го приковеш за браздата, за да го влече ралото по твоите бразди?

Јов 39