Јов 39:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Тој ги остава своите јајца на земјата, му ги доверува на песокот да ги грее,

15. не грижејќи се дека може да ги згази нога, или да ги згмечи некаков див ѕвер.

16. Постапува со нојчињата како со туѓи; тој не се грижи дека трудот му е напразен.

17. Зошто Бог го лиши него од памет, не му даде никаков разум.

18. Ама кога ќе се вивне нагоре, тогаш им се потсмева на коњот и коњаникот.

Јов 39