Јов 38:4-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Каде беше кога ја основав земјата, кажувај, ако знаеш!

5. Знаеш ли кој и ги одреди мерките и кој го оптегна измерувачкото јаже над неа?

6. На што и почиваат основите? Кој и постави крајаголен камен,

7. додека воскликнуваа утринските ѕвезди и извикуваа Божјите дворјани?

8. Кој го затвори морето со врати, кога заизвори од мајчиното крило,

9. кога го облеков со облак како со облека и кога го завиткав со густа магла како со пелени;

10. кога ја одредив неговата меѓа, ставив врати со лостови?

Јов 38