5. Да, Бог грми со величествен глас, создава несфатливи големи дела.
6. Кога ќе му рече на снегот: „Опснежи по земјата!” И на поројните дождови: „Заврнете силно!”
7. На секој човек му ги запечатува рацете, сите да го запознаат Неговото дело.
8. Тогаш сите ѕверови се вовлекуваат во скривалиште и остануваат во своите легла.
9. Бурата се крева од јужната страна, а северните ветрови донесуваат студ.
10. Веќе од Божјиот здив настанува мраз и се здрвува водната површина.
11. И Тој пак ги полни со вода облаците, и облаците почнуваат да светкаат со молњи;
12. кружат насекаде по Неговата волја, што им наложи, тоа ќе извршат, на лицето на целиот земски круг.
13. Ги испраќа - или да ги казни народите, или за земјата или за милост.
14. Послушај го ова, Јове, смири се и разгледај ги чудесните Божји дела.