1. Да, и моето срце трепери од тоа и сака да искочи од своето место.
2. Слушнете го, слушнете го, грмежот на Неговиот глас, татнежот што излегува од Неговата уста.
3. Ете, секавица лета преку целото небо - и светнува блесок од крај до крај на земјата. -
4. Зад неа еден силен глас се разнесува: Тој грми со величествен глас. Неговите молњи летаат никој не им пречи, штом се чуе Неговиот глас.
5. Да, Бог грми со величествен глас, создава несфатливи големи дела.
6. Кога ќе му рече на снегот: „Опснежи по земјата!” И на поројните дождови: „Заврнете силно!”
7. На секој човек му ги запечатува рацете, сите да го запознаат Неговото дело.
8. Тогаш сите ѕверови се вовлекуваат во скривалиште и остануваат во своите легла.
9. Бурата се крева од јужната страна, а северните ветрови донесуваат студ.
10. Веќе од Божјиот здив настанува мраз и се здрвува водната површина.
11. И Тој пак ги полни со вода облаците, и облаците почнуваат да светкаат со молњи;
12. кружат насекаде по Неговата волја, што им наложи, тоа ќе извршат, на лицето на целиот земски круг.