Јов 36:8-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Ако се тие оковани во вериги и сопнати со јажињата на неволјата,

9. Тој им ги напомнува нивните дела, им го кажува гревот на нивната гордост.

10. Тогаш им го отвора увото за опомена и ги призовува да се отстранат од злото.

11. Ако послушаат и Му се покорат, нивните денови завршуваат во благопријатност, нивните години во радост;

12. ако пак не слушаат, умираат од копје, заглавуваат, незнаејќи ни самите како.

13. А нечесните срца негуваат омраза, не бараат помош, кога Тој ги врзува во окови;

14. умираат во цветот на своето детство и животот им завршува меѓу содомците.

15. Тој го спасува страдалникот преку неговата беда и му ги отвора очите во несреќа.

16. Ќе те избави од грлото на теснината, ќе те изведе кон безграничните пространства, кон стол преполн со месо.

Јов 36