Јов 35:2-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. „Зар ти мислиш да го браниш своето право, да ја докажуваш праведноста пред Бога,

3. кога Му велиш: „Зошто ти е важно тоа, ако грешам, што Ти чинам со тоа?”

4. Јас ќе ти одговорам тебе, на сè тоа, и на твоите пријатели едновремено.

5. Погледни на небото и набљудувај! Гледај ги облаците: повисоки се од тебе!

6. Ако грешиш, што направи против Него, што Му зададе со своите престапи?

7. Ако си прав, зошто дојде при Него и што добива Тој од твојата рака?

8. Твојата нечесност ги повредува сличните на тебе, и твојата правда му ползува на човекот.

9. Но кога стенкаат под тешкиот јарем, кога викаат заради насилството на моќните,

Јов 35