Јов 34:33-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. Мислиш ли дека Бог треба да го казни него, додека ти ги презираш неговите замисли? Но кога одлучуваш ти а не јас, ајде сега, истреси ми ја својата мудрост!

34. Сите умни луѓе ќе се сложат со мене и секој разумен, кој ќе ме чуе мене:

35. „Јов зборуваше необмислено, нема мудрости во неговите зборови.

36. Затоа, Јов нека се испита до крај, зашто одговара како злосторник;

37. а на својот грев му додава уште побуна, тој плеска со дланките меѓу нас и ги натрупува своите хули против Бога.”

Јов 34