Јов 34:29-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Ама ако мирува, кој ќе Го трогне Него? Скрие ли го лицето, кој може да Го види?

30. Бдее над народите, како и над човекот, да не завладее некој кој го заведува народот.

31. Кога безбожникот ќе Му рече на својот Бог: „Ме заведоа, повеќе не ќе грешам.

32. Не разбирам ли, поучи ме Ти сега и ако некогаш правев неправда, во иднина нема да ја вршам!”

33. Мислиш ли дека Бог треба да го казни него, додека ти ги презираш неговите замисли? Но кога одлучуваш ти а не јас, ајде сега, истреси ми ја својата мудрост!

34. Сите умни луѓе ќе се сложат со мене и секој разумен, кој ќе ме чуе мене:

35. „Јов зборуваше необмислено, нема мудрости во неговите зборови.

36. Затоа, Јов нека се испита до крај, зашто одговара како злосторник;

37. а на својот грев му додава уште побуна, тој плеска со дланките меѓу нас и ги натрупува своите хули против Бога.”

Јов 34