Јов 34:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Елиу ја продолжи својата беседа и рече:

2. „И вие мудреци, чујте што ќе речам, вие, умни луѓе, послушајте ме мене,

3. зашто нашите уши ги испитуваат беседите, исто како што непцето ја испитува храната.

4. Заедно да испитаме што е право и заедно да размислиме што е добро.

5. Јов тврдеше: „Јас сум праведен, но Бог ми ја скратува мене правдата.

Јов 34