Јов 33:24-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. па се сожали над него и рече: „Избави го, за да не слезе во јамата; најдов откупнина за неговиот живот!

25. Нека му процвета телото со младост, нека се врати во младечки денови!”

26. Му се помолува на Бога и Бог го послушува: Тој го погледнува радосно во лицето; му ја враќа на човекот неговата праведност.

27. Тогаш човекот ќе погледне на луѓето, велејќи: „Грешев и го изопачував правото, но Бог не ме казни.

28. Тој ми ја спаси душата од гроб и мојот живот се радува на светлината.”

Јов 33