Јов 33:17-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. за да го одврати од неговите дела, да ја обори гордоста во човекот,

18. да ја спаси неговата душа од јамата и неговиот живот да не падне од меч.

19. Тој го кара, на леглото, со болест, кога коските му се тресат непрекратно.

20. Кога лебот му се гади на неговиот живот и најдоброто јадење на неговата душа.

21. Кога неговото тело гине очигледно и му се гледаат оголените коски.

22. Кога душата му се приближува до гробот, а неговиот живот кон гласниците на смртта.

Јов 33